Работнички во шестото коло стигна до првата победа оваа сезона, можеби токму навреме за да земе залет пред градското дерби со Вардар. Тимот на Алпарслан Ердем славеше со 3:0 против Пелистер, а голманот Васко Василев ја сочува својата мрежа. Младинскиот репрезентативец се надева дека истото ќе го стори и на вечерашната пресметка со Вардар, меч на кој „романтичарите“ ќе ја немаат фаворитската улога, но ќе сторат се за да ги замрсат сметките на ...

Стартот на сезоната носи две дијаметрално спротивни ситуации за двата скопски ривали, па така Вардар денеска ќе напаѓа за прво место на табелата, а Работнички за избегнување на опасната зона . Големото скопско дерби ќе се игра во ударен вечерен термин на националната арена „Тодор Проески“ и за очекување е голема битка на теренот, особено поради фактот што Работнички пред неколку дена ја прекина црната серија и ја запиша првата победа во новата ...