Францускиот прволигаш Монако официјално го потврди ангажманот на Пол Погба, кој пристигнува како слободен играч. Поранешниот играч на Манчестер jунајтед и Јувентус потпиша двегодишен договор со клубот од Кнежевството, со важност до 30 јуни 2027 година. Погба, светски шампион со Франција од 2018 година, се обидува да ја рестартира својата кариера по суспензијата поради допинг. Откако беше позитивен на забранетата супстанца ...

Пол Погба беше суспендиран во септември 2023 откако падна на допинг тест, во прв момент доби казна од четири години и многумина му предвидуваа крај на кариерата. Сепак, Французинот издвојува голема битка пред Судот за спортска арбитража, казната му беше намалена на 18 месеци, и тој доби зелено светло да се врати на терените во март месец оваа година. Изминатиов период се поврзуваше со многу клубови, а на крајот тој реши да го одбере Монако, ...

Францускиот фудбалер Пол Погба доживеа емотивен момент при потпишувањето на договорот со Монако, со кој официјално се врати во професионалниот фудбал по 18-месечна суспензија поради допинг. Погба потпиша двегодишен договор со клубот од Кнежевството, а за време на церемонијата не можеше да ги задржи солзите поради сè низ што помина во изминатиот период. „Ова ми значи сè. Имаше многу мрачни денови, но верував дека ќе се вратам. Монако ми даде ...