Продолжува да гори на планината Готен во општина Василево, петти ден по ред. Високите температури, лесно запаливата вегетација и исклучително непристапниот терен сè уште не им дозволуваат на противпожарните сили да го стават огнот под целосна контрола. Со цел да се спречи неговото ширење кон квалитетната шума и соседните општини Радовиш и Берово, во изминатите денови е оформена противпожарна пресека со должина од околу 17 километри. Во гаснењето ...
Денеска се пријавени 15 пожари низ целата држава. Од нив, 7 се сè уште активни, додека другите се ставени под контрола. Најкритична е ситуацијата во општина Василево, каде што пожарот почна да се шири на територијата на општина Радовиш и Берово, додека властите се обидуваат од земја и од небо да го стават под контрола. Активен пожар има и на територијата на општина Прилеп, Демир Капија, додека пожарот е повторно активиран во општина Желино. Во ...
Од Центарот за управување со кризи информираа дека на територија на државата се регистрирани вкупно 29 пожари Сува трева и нискостеблеста вегетација горат во липковското село Ваксинце, а на терен во моментов се три противпожарни возила со осум пожарникари, јави МИА. „Пожарот кај нас е пријавен во 11:40 часот. Две екипи од почетокот на пожарот се таму. Постојано се разгорува и локализира. Во моментот пожарот е меѓу селата Ваксинце, Лојалне и ...