Охрид/Штип, 13. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Христијан Стојаноски, Петар Трајчески, Михаил Аврамоски и Енис Алиу од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид со победи се враќаат од првото коло од Првата и Младинска бокс лига на Македонија. Првото коло се одржа во Штип, а технички организатор е БК „Фамилија Демирови“. Истото требаше да се одржи на 16-ти март, но поради трагичните настани во Кочани беше одложено. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ...
Изминатиов викенд Штип беше домаќин на првото коло од бокс лигата на Македонија. Охридските боксери од клубот на “Алексо Огненовски” настапија со петмина натпреварувачи. Боите на клубот и градот ги бранеја и извојуваа победи: Михаил Аврамоски, Петар Трајчески, Христијан Стојаноски и Енис Алиу додека единствено поразен беше младиот и перспективен боксер Андреј Мајкиќ. Следното коло ќе се одржи во Делчево, по што следува државното поединечно ...