„Нападите беа насочени кон Киев и регионот, Днепар, Кировоград, Николаев, Одеса, Полтава и Суми. За жал, едно лице беше убиено во областа Фастив. Осум лица беа повредени, вклучувајќи и едно дете. Главна цел на нападот беше енергетскиот сектор. Оштетени се и обични станбени згради, а има и штета на железницата“, рече Зеленски во објава на платформата Икс. Тој рече дека „Москва продолжува да инвестира повеќе во напади отколку во дипломатија“. ...

Украинскиот претседател Володомир Зеленски го обвини рускиот колега Владимир Путин дека се обидува да ја преземе Украина, велејќи дека не успеал да ја постигне оваа и други воени цели. Во видео обраќање по повод четиригодишнината од војната на кое беа прикажани Украинците како вршат отпор против руските војници во првите денови од конфликтот, Зеленски додаде дека Украина е подготвена да направи „сè“ што може за да обезбеди силен, траен мир. ...