Екипата на Тиквеш во ова најново коло од ПМФЛ шампионатот влегува со позитива. Ретка ситуација сезонава за кавадарчани, кои имаат огромни проблеми на резултатски план. Сепак, новиот тренер, Борче Христов, очигледно дека ги постави нештата како што треба па Тиквеш на последните два меча освои четири бода. Нешто што не можеше ниту да се замисли што се вели претходно. Тоа на кавадарчани им дава надеж дека ќе излвечат позитива и денеска на Арената ...
Фудбалерите на Тиквеш гостуваат кај Вардар во натпревар од 13. коло на Првата македонска фудбалска лига. Кавадарчани по пауза од еден месец конечно победија во текот на неделата, а тоа беше дебитантско славје за новиот тренер Борче Христов. Пред мечот со вардарци своите очекувања ги сподеи искусниот Александар Мишов. „Секако дека играњето на Арената и дуел против Вардар е мотив повеќе за секого, па и за нас. Ние добро стартувавме со новиот ...

