Алкалоид со предност од четири гола го чека реваншот против АЕК Атина од финалето на Европскиот куп во Скопје. Македонскиот претставник сега е фаворит, а очекувањата од сите во клубот се дека Алкалоид има сили да го освои трофејот. „Одигравме еден одличен натпревар во Атина. Можам слободно да кажам резултатски и неочекувано. Имаме одличен резултат од плус четири гола разлика. Момците беа на висина на задачата и она што го договоривме го ...

Лазаров и неговите ракометари треба да се погрижат денешниот ден со златни букви да биде запишан во историјата на РК Алкалоид, треба да биде освоен европски трофеј. Алкалоид го расплака АЕК среде Атина каде го победи со 29-25, па сега нашиот тим е голем фаворит за пехарот од ЕХФ Европскиот куп. Клубот кој беше формиран пред само четири години сега е на пат да стане трет македонски ракометен тим кој освојувал европски трофеј по Кометал Ѓорче ...