РК Вардар 1961 ќе се пресели во салата „Расадник“, односно ќе се врати во својот некогашен дом, кога реновирањето ќе биде завршено. Ова го потврди првиот човек Михајло Михајловски. „Салата Расадник се реновира и по ветување на изведувачот но и на градоначалникот на Кисела Вода, Вардар од септември ќе се пресели таму. Тоа е салата во која Вардар играл порано. Таму ќе ги играме мечевите од домашното првенство, а дерби дуелите против Пелистер, ...

Најтрофејниот македонски ракометен колектив Вардар 1961 во новата сезона се очекува да ја пресели својата база во салата „Расадник“ во Кисела Вода. Оваа сала е оригиналниот дом на вардарци од почетоците, а во тек е целосно реновирање. Претседателот на Вардар, Михајло Михајловски откри дека има ветувања од локалната власт дека салата ќе биде подготвена и ќе може да се користи уште во септември. Тој нагласи дека клубот ќе ги игра своите ...