Медиумската слобода е клучен елемент во секое демократско општество. Таа подразбира право на новинарите да информираат слободно, без цензура, притисоци или страв од реперкусии. Слободата на медиумите овозможува транспарентност, одговорност на властите и учество на граѓаните во јавниот дискурс. Во глобален контекст, медиумската слобода е под закана во многу земји, дури и во демократии каде што таа традиционално се сметала за загарантирана. ...

Во рамки на прашањето на денот поставено на Facebook страницата на ЦИВИЛ – „Во каква состојба се македонските медиуми и медиумските слободи?“ – граѓаните масовно се огласија со остри и критички ставови. Одговорите што пристигнаа јасно укажуваат на длабоко разочарување и недоверба кон медиумската сцена во земјата. Повеќето коментари ја опишуваат состојбата како „катастрофална“, „срамна“ и „никаква“. Корисниците остро реагираат на, како што велат, ...