Си слушнавме муабет и закани дека ние, родителите на малолетните деца ќе одговараме, вели мајка на загинато дете во трагедијата во Кочани. Додека една од мајките бараше правда, друга мајка на загинато дете денеска за време на протестот во Кочани откри дека од полиција им се заканувале, им пишувале пораки да не зборуваат многу, дека и тие ќе бидат приведени и ќе одговараат. – Не се плашиме, немаме што да изгубиме, нека не апсат, велат ...

Пет минути по 12 часот, симболично, започна протестот наречен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Маршот во моментов се одвива пред Oбвинителството во 12, а ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието. Затворени очи, отворени гробови – ова е само една од праките испратена до обвинителите од семејствата на жртвите кои загинаа во дискотеката ...

Утре во Скопје ќе се одржи протестен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани. Маршот ќе почне пред Oбвинителството во Скопје во 12 часот и 5 минути, како симболика за задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието. -Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не ...