Со презентација на пораките помеѓу Татјана Димитровска и поранешниот директор на ТЕЦ Неготино – Небојша Стојановиќ, продолжи судењето за експретседателката на Антикорупциската комисија. Обвинителството ги прочита преписките помеѓу Димитровска и Стојановиќ, кои се од периодот пред и по отворањето на истражната постапка за него и фирмите кои се во сопственост на неговото семејство. Со презентација на пораките помеѓу Татјана Димитровска и ...
Одлуки на ДКСК, кој обвинител за што го истражува и зошто му бараат податоци за имотната состојба – обвинителството ги прочита дел од пораките помеѓу поранешната прва антикорупционерка и ексдиректорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ. Обвинителите тврдат дека Димитровска не смеела, но сепак го известувала Стојановиќ какви се одлуките по претставките за него и семејните фирми кои добивале тендери од ТЕЦ Неготино додека тој го раководел. Има ...
Не споделувај со никој тоа што ти праќам, му напишала на Вибер, поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска на екс директорот на ТЕЦ Неготино, откако му пратила неколку фајлови од одлуки и иницијативи на ДКСК во време кога раководеше со институцијата, а се однесуваат на постапки за кривично гонење, како и отворање на предмет за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино. Стојановиќ барал таа да проверува како за него, така и за неколку други ...

