Според Иван Ивановски од Prime Capital, идните вселенски мисии на НАСА и SpaceX сè повеќе ќе се потпираат на роботски системи и вештачка интелигенција, наместо на човечки екипажи. Тој во разговор за „Ноќно студио“ на 4ТВ.мк истакна дека технологиите што денес се користат за автономно возење на возила како системот FSD на Tesla, како и роботот Optimus, лесно можат да се адаптираат за работа во вселенски услови. „Мислам дека за Месечината и ...

Иван Ивановски смета дека развојот на автономните системи и роботиката ќе овозможи многу побрза експанзија на човештвото во вселената отколку што досега се мислеше. Според него, првиот чекор ќе биде воспоставување бази на Месечината, по што следува и проширување кон Марс, каде роботите ќе бидат клучни за изградба и одржување на инфраструктурата. „Прашањето не е дали, туку кога. Во следните пет години е сосема можно да имаме функционални бази ...