Ракометниот клуб Алкалоид утре го игра првиот финален натпревар во Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК од Атина во Грција. Ракометарите на Алкалоид предводени од тренерот Кирил Лазаров, вчера во Автокоманда го одработија последниот тренинг и заминаа за Грција, каде утре ќе го одиграат првиот финален натпревар, кој ќе започне во 18 часот. Тимот од Автокоманда е пред можноста да испише голема клупска историја и да ја освои првата европска титула. ...
ЕКИПА во Атина Стеван Цаневски Екипата на Алкалоид денеска го одржа официјалниот тренинг во „Сунел Арената“ во Атина, каде што утре против АЕК го игра првиот финален натпревар во Европскиот Куп. Од таборот на македонскиот тим се надеваат дека ќе изборат успешен резултат, пред реваншот во Скопје. Македонско славје во Грција не е невозможна мисија. Сите ракометари на Алкалоид се подготвени да дадат се од себе за што подобар резултат, а потоа на ...
Македонскиот суперлигаш Алкалоид го одработи својот тренинг во домот на АЕК Атина во пресрет на утрешното историско финале за екипата од Автокоманда. Македонскиот и грчкиот претставник ќе ги вкрстат копјата во првиот дуел од финалниот двомеч на ЕХФ Европскиот Куп во „Сунел Арена“ во Атина, утре со почеток од 18:00 часот. Тренерот Кирил Лазаров ги подели последните подготовки пред мечот, а ги имаше сите играчи на располагање. Натпреварот ќе биде ...