Наместо вода, низ чешмите од градскиот водовод во Струга тече буквално кал. Поради заматување на изворите во Шум кои го снабдуваат градот со вода, стружани останаа без основното човеково право. Водата не смеат да ја употребуваат за пиење, ниту за приготвување на храна, ниту за одржување на лична хигиена. Бидејќи матната вода преку водоводните цевки се дистрибуира до корисниците, таа е здравствено небезбедна и забранета за користење. Од ...

Жителите на Струга од вчера попладне се соочуваат со сериозен дефект во водоснабдувањето. Од чешмите тече темно кафеава вода, што ги принуди надлежните институции да воведат целосна забрана за нејзино користење. Изворот Шум, кој е главна точка за снабдување на градот, е целосно заматен. Првичните анализи на Центарот за јавно здравје откриваат шокантни податоци: параметрите на заматеност се дури 30 пати повисоки од дозволените норми. Стриктни ...