Екипата на Атлетико Мадрид не ја оправда фаворитската улога во натпреварот од второто коло на шпанската Примера, ремизирајќи со екипата на Елче (1-1). Тимот на Диего Симеоне одлично го отвори мечот и поведе по само осум минути игра со голот на Александер Сорлот. Во овој момент веројатно ништо не навестуваше дека Елче може да дојде до изненадување, но само седум минути подоцна, гостите дојдоа до израмнување преку Рафа Мир. Истиот резултат беше ...

Само две кола поминаа во шпанската Примера дивисион, а Атлетико Мадрид веќе е во проблеми. По поразот во првото коло на гости кај Еспањол, мадридскиот гигант вечерва на свој терен одигра само 1:1 против Елче. Атлетико беше голем фаворит за победа и водеше со 1:0 и тоа по само осум минути игра кога погоди Сорлот. Сепак, радоста на домаќините траеше кратко, затоа што Рафа Мир во 15 минута погоди за Елче и израмни на 1:1. По израмнувањето, имаше ...