До крајот на март се очекува пратениците да го изгласаат законот за укинување на техничката влада – механизам што речиси десет години беше дел од изборниот процес во земјава. Иако власта и опзицијата години наназад се натегаат токму за потребата од т.н. Пржинска влада – се чини – барем по најавите дека таа конечно заминува во историјата. Од власта велат дека станува збор за прифатлив компромис и најавуваат дека техничка влада ќе има на ...

Власта ги финализира измените на Законот за Влада кој треба да се најде пред пратениците во текот на идната недела. Измените на законот со кој меѓу другото се инсистира на укинување на техничката влада, минатата недела беше претставен на координаторите на пратеничките групи од министерот за јавна администрација Горан Минчев. За ова законско решение, имало забелешки. Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ повтори дека за следните избори техничка ...