Дефанзивецот Имран Фетаи од Шкендија повторно беше меѓу најзабележителните фудбалери во дресот на тетовчани во ремито против полска Јагјелонија во рамките на третото коло од Конференциската лига на УЕФА, а со добриот настап може да си обезбеди и трансфер. Во текот на целиот натпревар, 23-годишниот стопер беше главен во одбраната, пресече неколку опасни акции на гостите и ѝ даде сигурност на главната линија пред голот на Шкендија. Неговата добра ...
Јасно е дека кога се игра добро, кога твојата екипа игра добро во Европа, а ти си одличен во дефанзивата, ќе има интерес за евентуален трансфер. Па така според Опен-ТВ, за Имран Фетаи свој интерес пројавил Лех Познањ, еден од најголемите клубови во Полска. Како што се наведува во информцијата, скаути на полскиот клуб биле на вчерашниот меч меѓу Шкендија и Јагиелонија, на кој Фетаи и тоа како одигра добро, всушност како и сите играчи на нашиот ...

