Вардар на болен начин се збогуваше со настапите во европските купови летово. Поразот од 5:0 од Лозана е неочекуван, но едноставно избраниците на тренерот Гоце Седлоски не се снајдоа на вештачката трева на стадионот во Лозана и на крајот загубија убедливо. Ова не е прв пат Вардар да биде убедливо поразен во Европа. Седми пат низ историјата, Црвено-црните примаат пет или повеќе голови. Најубедливиот пораз на Вардар во Европа е тој од Реал Сосиедад ...
Дани Олмо во новата сезона ќе влезе со свежи сили и голем оптимизам, бидејќи за првпат ќе одработи целосна пресезона откако лани беше купен во завршницата од летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец ужива во овој подготвителен период и темпира форма за големите предизвици кои следат, па иако има најголеми цели на тимски план, Дани си постави и индивидуални кои ќе се обиде да ги исполни. Олмо постигна 12 голови и забележа 7 асистенции во ...