Иако европските пратеници го поддржаа отворањето на следните чекори од пристапните преговори, тие не успеаја да го поддржат признавањето на македонскиот идентитет. По огромниот бугарски притисок, Европскиот парламент ги прифати амандманите презентирани од европратениците од ЕНП, С-Д и Обновена Европа, со кои се отстрануваат сите референци за македонскиот идентитет, култура или јазик. Уште еднаш, големите партии на ЕУ не успеаја да дејствуваат ...

Во реакцијата на ОМО Илинден-Пирин се вели дека се обиделе да го свртат вниманието на европските парламентарци и на тоа што Бугарија го прави со македонското малцинство во Бугарија. „Тоа беше еден месец на засилено лобирање во кое ги вложивме сите наши сили и скромни можности. Во процесов ние ја имавме целата поддршка на ЕФА на која специјално ѝ се заблагодаруваме. За несреќа егоистичките интереси повторно преовладаа, но борбата продолжува и ...