Во еден од најчудните натпревари во 2026 година, македонската фудбалска репрезентација утревечер ќе гостува на „Авива стадиум“ во Даблин против Република Ирска. Ако нашиот национален тим убедливо загуби во четвртокот во Копенхаген од Данска, Ирците несреќно загубија од Чешка во Прага по изведување на пенали, откако во регуларниот тек прокоцкаа 0-2. Селекторот Гоце Седлоски го најави натпреварот на официјалната прес-конференција во Даблин. ...
По големото разочарување во Копенхаген, Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Ирска во Даблин, а денеска селекторот на македонската репрезентација го одржа официјалниот прес во пресрет на пресметката. Гоце Седлоски имаше непријатно деби како селектор на националниот тим и сигурно уште некое време ќе извлекува заклучоци за поразот од 4:0, но во меѓувреме мора да го мотивира својот тим за она што следи, односно дуелот со Ирците. ...

