Реал Мадрид го совлада Олимпик Марсеј (2-1) на вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите, но истиот донесе неколку проблеми и тоа на идентична позиција. Трент Александер-Арнолд се повреди на самиот старт и на негово место влезе искусниот Дани Карвахал кој во вториот дел направи глупост и заработи директен црвен картон по што сега ќе следи суспензија. Меѓутоа тој ќе може побрзо да му биде на располагање на тренерот Чаби Алонсо од ...
Повредата што Трент Александер Арнолд ја заработи на самиот почеток од дуелот со Олимпик Марсеј е од посериозна природа, па десниот бек на Реал Мадрид го очекува подолга пауза од фудбалските терени. Денешните детални прегледи покажаа дека англискиот репрезентативец има сериозна повреда на мускулот на десната нога, за која е препорачлива пауза од најмалку шест седмици. Во ситуација во која Трент секако не беше најстандарден во плановите на ...