Зградата на парламентот во Приштина беше евакуирана кратко пред почетокот на денешниот 42. обид за конституирање на косовското собрание. Косовската полиција соопшти дека пратениците, како и сите други што беа во парламентот, беа евакуирани откако беше добиена дојава за експлозивна направа. Пред косовското собрание имаше зголемено полициско присуство, а имаше и полициски единици за деминирање, со кучиња што минуваа меѓу паркираните автомобили. ...

Закана со бомба беше пријавена денеска во просториите на Собранието на Косово, поради што пратениците и персоналот беа веднаш евакуирани од зградата, јавуваат косовските медиуми. Веста ја потврди пратеникот на Демократската партија на Косово, Абелард Тахири. „Закана за бомба. Не знаеме што се случува, нè замолија да си заминеме“, рече Тахири, додека ја напушташе зградата на Парламентот. Службите за спроведување на законот ја опколија областа и ...