За најавите на нов попис остро реагираа од Демократската унија за интеграција. Од ДУИ сметаат дека на овој начин се делегитимира пописот на населението од 2021 година – процес кој, според нив, за прв пат по 2002 година ги прикажа Албанците со 29,5%, во споредба со 25,17% во 2002 година. Од ДУИ сметаат дека Владата на овој начин се обидува без политички легитимитет од Албанците да ја намали процентуалната застапеност на целата етничка заедница во ...

Демократската унија за интеграција остро реагира на најновите обиди за делегитимирање на процесот на пописот на населението од 2021 година – процес кој за прв пат по 2002 година, ги прикажа Албанците во државата со 29,5%, во споредба со 25,17% во 2002 година. Обвинувањата за незаконитост се намерен обид да се прикрие срамната, неправедна и антиуставна одлука на оваа влада, која без каков било политички легитимитет од Албанците, ја намали ...