Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 16 години од попладнево е во Плевља, Црна Гора, каде од утре до 23 јуни ќе се одржува БВА Балканскиот шампионат. Младите надежи на ова натпреварување ги предводи селекторот Горан Славков и неговиот помошник Виктор Зафиров. Пионерките една седмица се подготвуваа во Скопје, во пресрет на Балканијадата на која покрај Македонија и домаќинот Црна Гора ќе настапат уште и Бугарија, Грција и Турција. ...
Втор загубен натпревар во вториот меч на БВА Балканскиот шампионат У16 во Плевља за пионерките на Македонија во дуелот со Турција, 0:3 (10:25, 17:25, 15:25). Турчинките се покажаа како пресилен ривал за нашите млади надежи. Македонија како и вчера против Црна Гора, имаше лошо отворање на дуелот, и скоро цел прв сет се обидуваше да ја стабилизира својата игра. Посериозен отпор тимот на селекторот Горан Славков понуди во вториот и третиот сет. ...