Скопје, 12 август 2025, МИА Дарко ЈАНЕВСКИ На денешен ден, 12 август 1903 година, започнува крајот на Крушевската Република. Османлиите започнуваат со нападите, Питу Гули загинува на 13 август и, за нас, тоа е крајот на Илинденското востание. Сепак, оваа секвенца од 1903 година претставува своевидно ретуширање на нашата историја и тоа во сопствена режија. Зашто, во свеста на голем број Македонци, вградена е претставата дека Илинденското востание ...

Сепак, оваа секвенца од 1903 година претставува своевидно ретуширање на нашата историја и тоа во сопствена режија. Зашто, во свеста на голем број Македонци, вградена е претставата дека Илинденското востание траело десетина дена, колку што траела и Крушевската Република, а главни негови протагонисти се Никола Карев и Питу Гули. Другите како да не постојат, а Илинденското востание како да се случило само горе, над Прилепското Поле, во планинските ...