Камар Болдвин повеќе не е кошаркар на Басконија, објави денес клубот од Виторија. Болдвин пристигна во Басконија минатата година, а пред тоа играше за Тренто, Мејн Селтикс, Гетинген и Турк Телеком. Тој минатата сезона во Евролигата имаше просек од 7,1 поен, 3,7 асистенции и 1,7 скока по натпревар за клубот од Виторија. Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември. Крадењето авторски текстови е ...

Монако наскоро ќе го официјализира трансферот на Чимези Мету од редовите на Барселона, пренесува специјализираниот сајт за кошарка „Баскет Њуз“. Нигерискиот кошаркар со потекло од Соединетите американски држави ова лето беше пред премин во Фенербахче, но преговорите со турскиот евролигаш пропаднаа па сега се очекува премин во Монако каде следната седмица ќе ги помине медицинските прегледи и ќе му биде на располагање на тренерот Василис Спанулис ...