Кошаркарот на белградски Партизан, Карлик Џонс, официјално е избран за најкорисен играч (МВП) за месец март во Евролигата. Плејмејкерот на „црно-белите“ минатиот месец просечно бележеше 18,4 поени и 4,8 асистенции по натпревар, со просечен индекс на корисност од 20,8. Џонс се врати на терените после четири месеци отсуство, поради повреда која ја доживеа уште во октомври, на натпреварот против ФМП во АБА лигата. Со Џонс на теренот, Партизан ...

Партизан беше подобар тим од Црвена Звезда во голем дел од мечот и можеше доста полесно да го реши прашањето околу победникот, но упорниот домаќин го натера Карлик Џонс да го покаже најдоброто од себе во моментите кога почна да „виси“ водството на гостите. Црвена Звезда се врати од минус 16 и имаше напад за израмнување, но откако не го искористи истиот, клучните поени на второто евролигашко дерби оваа сезона ги постигна најдобриот играч на ...