Русија лансирала 479 дронови кон Украина ноќеска во најголемиот ваков напад од почетокот на војната, објавија украинските воздушни сили. Покрај дроновите, биле испукани и 20 проектили од различен тип, а мета биле главно западните и централните делови на земјата. „Противвоздушната одбрана уништи 277 дронови и 19 проектили во воздух. Само десет дронови или проектили ја погодиле целта. Едно лице е повредено“, соопштија украинските воздушни сили. ...
Добивај вести на Viber Украина објави нова снимка од историскиот напад кој неодамна го изврши на руска територија и уништи бомбардери. Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави снимка од голема операција со беспилотни летала извршена на 1 јуни на територијата на Руската Федерација, со кодно име „Пајажина“. Според СБУ, во операцијата биле користени дури 117 дронови, кои биле тајно префрлени на руска територија, скриени во товарни возила. ...