Најдобриот македонски фудбалер на 20 век и жива легенда на македонскиот фудбал, и спорт воопшто, Дарко Панчев денеска полни 60. години. Панчев е роден на 7 септември 1965 година во Скопје, и по професионалните ангажмани, во Белград, Милано и Германија, повторно се врати во својот роден град, каде што живее и ден денес. Дарко Панчев, беше, е и ќе остане засекогаш, икона на македонскиот фудбал. Олицетворение на едни времиња во кои милиони ...

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев, денеска го прославува својот 60. роденден и официјално почна да ја ситни седмата деценија од својот живот. Европскиот и светски клупски шампион со Црвена Звезда остави сериозен печат со настапите за тогашниот југословенски шампион, а во финалето во Бари го освои најпосакуваниот европски трофеј, кој беше потврден токму со неговиот решавачки пенал во дуелот со Олимпик Марсеј. Панчев е и клупска легенда ...