Дизел-горивото на „Макпетрол“ од вечерва по полноќ ќе се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика. Компанијата уште од вчера ја спушти цената на дизелот за два денари, а со дополнителното намалување, ова гориво од вечерва ќе се продава за вкупно три денари пониска цена. По промената, дизел-горивото ќе може да се набави за 92,5 денари за литар. И дел од другите горива на бензинските станици ...

„Макпетрол“ изразува сериозна загриженост по повод одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), со која признатиот трошок за работење преку склад се намалува на 1,20 денари за литар, односно за околу 30 проценти по литар. Оваа измена е дел од одлуката донесена на 30 март 2026 година. Од компанијата велат дека особено загрижува што во образложението на одлуката, без основ, се наведува дека целта на измената е заштита на ...