Научниците развија спреј за нос кој го намалува воспалението на мозокот и ја подобрува меморијата кај постари глувци. Терапијата делува на процесот на хронично воспаление поврзано со стареењето, кое влијае на когнитивниот пад и развојот на болести како што е деменцијата. Спрејот содржи биолошки честички добиени од матични клетки кои помагаат во регулирањето на воспалителните процеси во мозокот. По примената, беа забележани подобри резултати ...

Научниците направија значаен чекор во разбирањето на стареењето на мозокот, откако експериментален назален спреј успеал да го обнови памтењето и когнитивните способности кај стари лабораториски глувци, пишува „Саенс алерт“. Истражувањето се базира на употреба на екстрацелуларни везикули – микроскопски „пакети“ што клетките ги користат за меѓусебна комуникација, добиени од човечки матични клетки. Овие честички се внесуваат преку носот, што им ...