Пелистер по промените во раководните структури и во стручниот штаб се фокусира кон формирање на играчкиот ростер за сезоната што следи. Битолчани обезбедија опстанок во елитата, но желба на сите во клубот е во новата сезона да се имаат подобри резултати и тимот да се бори за излез во фудбалска Европа. За таа цел се најавени засилувања, но чекајќи ги нивните трансфери битолскиот клуб се фокусира кон задржување на клучните играчи од ланската ...
Пелистер доби нов тренер (Димитар Капинковски) и нова управа во изминатиов период, па откако тоа се реши прволигашот почна со активностите за комплетирање на ростерот со кој екипата ќе се натпреварува во натпреварувачката 2025/2026. Тимот од Битола денеска ја информираше јавноста дека е продолжена соработката со искусниот дефанзивец Александар Ристевски. Ристевски кој и во минатото беше дел од „зелено-белите“ се врати во Пелистер минатата година ...