Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и публицист, ревносен поборник против комунизмот и против пропагандата на велико-бугарскиот, велико-српскиот и југословенскиот шовинизам. Еден е од членовите на Македонско национално движење – „Бунт“. Борец за Македонија на македонскиот народ, за независна и обединета македонска национална држава. Образованието го завршил во родниот град. Тој е еден е од членовите ...

Кирил Псалтиров е роден на 11 октомври 1941 година во Кочани. Тој беше македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Псалтиров во 1974 година се вработува во Македонски народен театар во Скопје каде останува сè до неговото пензионирање. Завршил Академија за драмски уметности во Скопје во 1973 година, во првата генерација дипломирани актери заедно со Ѓорѓи Колозов, Снежана Киселичка, Гоце Влахов, Петре Арсовски, Мајда Тушар и Соња ...

Науме Радически е роден на 18 мај 1953 година во село Мешеишта, Охридско. Тој беше македонски писател, критичар, есеистичар, преведувач, редовен професор на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет во Скопје, истражувач на македонската книжевна и културна историја, прв главен уредник на списанието „Македоника” и член на Друштвото на писателите на Македонија. Во 1975 година, завршил студии по ...

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше познат македонски музичар, автор и пеjaч на народна музика. Во текот на својата кариера, Стојановски испеал поголем број хитови, од кои најпознати се: „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“. Во текот на осумдесеттите години издаде еден албум за Југотон од Загреб и четири за Југодиск од Белград. По кратко и тешко боледување, Војо ...