Лигите полека ги ослободуваат африканските ѕвезди за настапот на Африканскиот Куп на нации, а еден од најдобрите играчи од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе биде дел од настанот. Вардар ќе го даде единствениот играч од мак-фудбалот на престижниот настан на африканскиот континент. Роџерс Мато, најдобриот стрелец за полусезоната во нашиот шампионат, ќе игра за Уганда. Напаѓачот се рехабилитира од повредата на стапалото и ќе биде дел од ...

Фудбалскиот свет се подготвува за уште еден голем континентален спектакл - Африканскиот Куп на нации, кој ќе се одржи во Мароко од 21 декември до 18 јануари. Ова ќе биде 35-то издание на најпрестижниот репрезентативен турнир на африканскиот континент, на кој ќе учествуваат 24 најдобри национални селекции, поделени во шест групи. Африканскиот Куп на нации има богата историја која започнува во 1957 година и со децении претставува сцена за раѓање ...