Денеска стартува 34. шампионат во ПМФЛ во самостојна Македонија. „СпортСпорт“ низ 12 текста во следните денови до понеделник, во деновите кога ќе играат, ќе ги претстави сите клубови кои во сезоната 2025/26 ќе играат во елитата. Секако дека ќе почнеме со Вардар, со нашиот најтрофеен клуб од кого се очекува со сите сили да атакува кон својата вкупно 13 титула (11 во самостојна Македонија и таа една од екс-СФРЈ). Вардар ова лето по цели седум ...
Шкупи е клуб, кој важи за еден од најголемите во Македонија, со четири шампионски трофеи во својата историја. Но исто така е клуб кој сеуште нема назначено официјално тренер, кој е под истрага за сомнителни настапи и резултати на пријателските, клуб на кого фановите му го свртеа грбот и обвинуваат за криминал. Ова е клуб кој нема регистрирано 15 професионалци и само тој клуб не ги исполнил ВАР условите. И што да се каже, што да се анализира за ...
Шкендија ова лето дојде до историски успех во Европа. Оствари пласман најмалку во групна фаза во Лигата на Конференции или по ново во лигашката фаза. Допрва ќе видиме дали може повеќе. Актуелниот шампион во претстојната сезона ќе го брани тронот и ќе оди по својата шеста “ѕвездичка“. Веќе е втор најтрофеен клуб во Македонија, веднаш зад Вардар. Јасно е дека по неколку години пауза, повторно, барем такви се прогнозите, за титулата ќе решаваат ...
Пелистер ја имаше таа “среќа“ новата сезона да ја започне кај својот најголем ривал, на гости кај Вардар во “Дербито на Македонија“. Во клубот од Битола, кој иако нема титула во изминатите 33 сезони, сепак важи за еден од најголемите во Македонија, ова лето се случија големи промени. Старата раководна гарнитура, во која беа легендите на клубот па и на мак-фудбалот, си заминаа а на нивно место дојдоа лица кои имаат нескриени амбиции. Како прво ...