Русија лансираше најголем број беспилотни летала во Украина од почетокот на инвазијата пред три години, соопштија украинските воздухопловни сили. Тие прецизираа дека биле лансирани 472 беспилотни летала и седум ракети. Директните преговори меѓу двете страни се закажани за утре во Истанбул, а украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди претходно денес дека ќе испрати делегација предводена од министерот за одбрана Рустем Умеров.v. ИЗДВОЕНИ ...

Русија ја нападна Украина ноќта пред мировните преговори во Истанбул со 80 беспилотни летала, три балистички ракети и една крстосувачка ракета, објавија украинските воздухопловни сили во недела наутро. Според соопштението на украинската армија, 52 беспилотни летала биле пресретнати, додека некои, како што наведуваат, биле „изгубени“ за време на летот, без да предизвикаат никаква штета. Нападот се случува непосредно пред новата рунда мировни ...

Претставници од Украина и Русија треба денеска повторно да се сретнат во Истанбул за разговори за можни начини за завршување на војната, јави ДПА. Почетокот на средбата е закажан за 12 часот (10:00 часот по Гринич) во палатата Чираган во Истанбул, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Москва ја предложи оваа рунда разговори. Кон средината на мај, завојуваните страни се состанаа на директни разговори за прв пат од 2022 година. ...

Американската администрација немала информации за тоа дека Украина подготвува напад со беспилотни летала врз руски воени аеродроми на далечниот исрок, објави во неделата дописничката на телевизиската мрежа CBS News од Белата куќа, Џенифер Џејкобс, повикувајќи се на свои извори. „Извори во администрацијата изјавија за CBS News дека Белата куќа не била запознаена со подготовката на денешниот голем украински напад со беспилотни летала врз руски ...