Сообраќајна несреќа се случила утрово на булеварот пред зградата на Народната банка во Скопје. Во неа учествувале еден автомобил и еден товарен камион. Како што може да се види од фотографијата која ни ја испрати читател, камионот удрил во возилото и го свртел во спротивна насока. Засега нема информации за повредени лица. Сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато. Повеќе информации од МВР се очекуваат во текот на денот. Фото: Локално ...
Вчера вечерта, околу 20 часот, во центарот на Скопје, во близина на Католичката црква, се случи сообраќајна несреќа. Според информации од очевидци, автомобил со скопски регистарски ознаки удрил во возрасен маж кој поминувал на обележан пешачки премин. Засега нема официјални информации за здравствената состојба на повредениот, а повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на денот. Повеќе информации – наскоро. ...