Пожар избувна попладнево на планината Серта, меѓу штипските села Селце и Драгоево. Огнот зафатил сува трева, ниско стеблести растенија, даб и смрека, информира командирот на Територијалната противпожарна единица Штип, Благој Ренџов. На терен се ангажирани 12 пожарникари со четири возила, а поради непристапниот терен и обемот на пожарот, побарана е и воздушна интервенција од Дирекцијата за заштита и спасување. – Огнот се шири брзо, површината е ...

Во масивот на планината Серта се случи првиот пожар во оваа година. Пожарот е во близина на селото Селце во подножјето на Серта. Лани првите пожари на Серта беа од неготинска страна, годинава првиот пожар се појави од штипската страна кај селата Селце и Драгоево. Според првичните информации, гори трева и нискостеблести дрвја, даб и смрека, а ако не се изгасне може да се прошири кон повисоките шумски појаси на планината и пожарот да се префли на ...

„Гори висока сува трева, нискостеблести растенија, даб и смрека. Теренот е непристапен, а огнот има зафатено голема површина. Штотуку побаравме помош од Дирекцијата за заштита и спасување да помогнат со гаснење на пожарот од воздух“, вели Ренџов. Тој посочува дека пожарот е на два километри од селото Селце, но добро е што огнот не оди кон првите куќи во селото, туку се движи кон врвот на планината. Ренџов вели дека екипите се на терен и во текот ...