Разговорите меѓу претставниците на Соединетите Американски Држави и Русија во Ријад, Саудиска Арабија, се завршени, а рускиот советник за надворешна политика, Јуриј Ушаков, ги оцени како успешни и сериозни. „Разговорите поминаа добро, беше тоа сериозна дискусија за сите прашања“, изјави Ушаков, пренесуваат руските агенции Интерфакс и ТАСС. Според неговите зборови, двете страни се договориле да ги продолжат преговорите за Украина, а исто така ...
За неколку часа завршија директните преговори меѓу Соединетите Држави и Руската Федерација. Договорено е Вашингтон и Москва да разменат амбасадори, да се одредат преговарачи од двете страни, да се работи на создавање услови за враќање на меѓусебната соработка во сите сфери. Не е исклучена можноста да се одржи и самит меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во догледно време. Русија останува на ставот дека дел од решението мора да биде и гаранција оти ...