Големиот мајстор на гитарата, Антонио Форчоне и неговиот квартет ќе настапат на 24.5.2025 во големата сала на Македонската филхармонија. Антонио Форчоне е повеќекратно наградуван музичар, со најпрестижните светски музички награди како гитарист и композитор. Неговата дискографија брои 20-на извонредни албуми, некои од нив снимени со музички големини како Charlie Haden, Trilok Gurtu, Sarah Jane Morris и многу други. Долго време е заштитно лице на ...
Оркестарот на Македонската филхармонија синоќа во полна сала го одржа својот Велигденски концерт насловен „Per Aspera ad Astra“ („Низ трње до ѕвездите“). На концертот за првпат беше изведена „Голема миса“ во це-мол, вокално –инструментално ремек-дело на Волфганг Амадеус Моцарт под диригентската палка на Ребека Тонг од Индонезија, а како солисти настапија сопранистките Милена Арсовска и Гонца Богоромова Краповски, тенорот Благој Нацоски и басот ...