Делата на уметниците кои годинава гостуваат на меѓународната уметничка колонија „Арт поинт Гумно“ ќе бидат изложени во сабота (29 јуни) од 18 до 21 часот во село Слоештица. Овогодинешната тема на колонијата, од која се инспирирани делата на уметниците е насловена „Слоешница – име за цел еден свет“. „Во периодот од 15 до 30 јуни, 10 уметници од Македонија, Грција, Чешка и Србија создаваат скулптури, слики, фотографии и видеа што ја отсликуваат ...

Љубителите на уметност ќе можат да ги видат делата создадени за време на годинешната уметничка работилница во „Арт Поинт – Гумно“ во демирхисарското село Слоештица денеска попладне од 18 до 21 часот. „Слоештица – име за цел еден свет“ е темата што ги инспирира уметниците кои годинава гостуваат на меѓународната уметничка колонија „Арт Поинт – Гумно“. Од 15 до 30 јуни десетмина уметници од Македонија, Грција, Чешка и од Србија создаваат ...