Ракометарите на Алкалоид ја впишаа првата победа во Суперлигата, откако славеа на гостувањето кај Тиквеш (22-24). По ремито на стартот во дербито со Охрид, сега скопјани триумфираа како гостин во салата „Јасмин“. Одлично отворија скопјани, со головите на Борзаш, Митев и Костески поведоа со 0-4. Успеа домаќинот да одговори со два, меѓутоа Алкалоид ја бранеше и зголеми предноста која достигна високи „плус шест“ (3-9). Имаше Тиквеш подобри минути ...
Аталанта во третиот обид конечно успеа да стигне до првата победа во новата сезона од Серија А, откако тимот од Бергамо славеше на домашен терен против Лече со убедливи 4-1. Јируќ повторно се реши да не го вклучи Лукман во екипата, но и без својот најдобар играч во тимот Аталанта целосно доминираше и стигна до заслужена победа. Дефанзивецот Скалвини го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, а во вториот дел блесна Де Кетеларе со два ...