Две победи по ред, и тоа многу важни, или три триумфи на последните четири натпревари. Девет бода со кои АП Брера сериозно „живна“ и се искачи во средишниот дел на табелата во Прва МФЛ. Но, избраниците на младиот стратег Мартин Алаѓозовски не сакаат сега да сопрат, напротив, сакаат да го искористат залетот и да стигнат до триумф и на денешниот меч против Башкими на домашен терен. „Фудбалерите ја прифатија мојата филозофија и на секој нареден ...
Екипата на Брера Струмица на домашен терен го пречека Башкими и освои важен бод (1-1) во битката за опстанок во најдобриот македонски шампионат - Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Кумановчани беа многу близу до победата, но едно невнимание во финишот им пресуди да го поделат пленот со струмичани на стадионот „Благој Истатов“. Дуелот не беше многу допадлив, но понуди активна игра со доста борба, на крајот ремито можеби е и реален исход. ...