Италијанската фудбалска јавност се уште не може да ја прифати шокантната информација дека нивната репрезентација нема да биде дел од СП 2026, а во дебатата се вклучуваат сите истакнати авторитети на „чизмата“. Фабио Капело очекувано не можел да се воздржи по неуспехот на дуелот со Босна и Херцеговина и побарал оставки во федерацијата. – Не можев да спијам цела ноќ и се уште не можам да поверувам што се случи. – Ова е спортска трагедија ...
Италија падна на последниот тест и по третпат во низа остана без пласман на Светско првенство. Овојпат на нивниот пат застана селекцијата на Босна и Херцеговина која во Зеница се избори за драматичен триумф и тоа по изведување на удари од единаесет метри. Додека во БиХ се слави, во Италија се тагува, критикува, се бараат виновници, причини за ваквиот пад на земјата која беше фудбалска велесила во европски и светски рамки. Потребни се промени ...

