Инспекторите од ДСЗИ ќе влезат на Клиниката за кардиохирургија да извршат увид во медицинската документација за лекувањето на 59 годишниот пациент Тони Ангелковски, кој почина чекајќи операција со сериозни компликации на аортата. Од Министерството за здравство потврдија дека вонредниот надзор го наложи министерот Арбен Таравари, откако семејството проговори во медиумите дека Анеглковски бил препраќан од клиника во клиника, но не бил опериран и ...

Министерот за здравство Арбен Таравари е јасен дека ќе се бара одговорност доколку имало пропуст или грешка за пациентот Т.А. од Скопје, кој почина на Клиниката за кардиохирургија. - „Аневризма на аорта е сериозна дијагноза. Сè уште не сум го прочитал извештајот. Ќе треба да има веднаш и стручна комисија. Според моите информации, едната сала работела, меѓутоа кога ќе го видам извештајот ќе знам точно. Сите сме потенцијални пациенти, на сите ...

Нема одговор од министерот за здравство Арбен Таравари на новинарските прашања зошто немало стент-графтови на Торакалната клиника и функционална сала на Клиниката за кардиохирургија кога 57-годишниот пациент Тони Ангелковски бил донесен таму веќе дијагностициран од страна на „ГОБ 8 Септември“ дека му треба итна консултација со торакален хирург, по што тој почина на Кардиохирургија чекајќи операција за вградување на стент-графт. Целосното ...