Вулверхемптон во првиот меч од новата сезона го пречекува Манчестер Сити, а „волците“ стартот на овој меч го посветија на својот поранешен голгетер, Диого Жота, кој летово трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Во чест на Португалецот, на трибината зад еден од головите на „Молинју“ беше истакната специјална кореографија со Жота како прославува гол во дресот на Вулверхемптон, и порака… Ќе те паметиме како чекориш по терените од злато. ...

Стартот на новата премиерлигшка сезона минува во знакот на Диого Жота, па така по импресивните сцени на „Енфилд Роуд“, вчера исклучително емотивно беше и на „Молину“. Португалецот ја изгради својата кариера во Англија како член на Вулверхемптон и остави навистина голем белег во овој клуб, па фановите не пропуштија да му се оддолжат на својот миленик со огромна почит. Покрај емотивната минута молк и големата кореографија, навивачите поделија ...