Жителите на Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Пинтија и Драчево синоќа повторно дишеа чад и мирис на изгорена пластика. На социјалните мрежи споделуваа фотографии од апликации за мерење на загаденоста, каде параметрите покажуваа високи нивоа на штетни честички. „Дрисла секоја вечер… Пола планини изгореа, депониите горат, а скопјани се борат за воздух“, напиша една скопјанка, додавајќи дека изгледа како властите да живеат во друга реалност. ...
Веќе со денови горат депониитее „Вардариште“ и „Дрисла“ во Скопје, а властите немаат решение за чадот и смрдеата во која се гушат скопјани. Иако премиерот Христијан Мицкоски рече дека состојбата со пожарите е под контрола и загадувањето е само визуелно, главниот град изгледа како Чернобил. И покрај тоа што полицијата ги чува „Дрисла“ и „Вардариште“ и има забрана за движење низ депониите кои со денови ги трујат скопјани, загаденоста во градот e ...
Иако од ноќеска дождот ја покри скопската котлина, тој речиси и да не помогна во гаснењето на големиот пожар на депонијата „Дрисла“. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека и претходните денови биле истурени огромни количини вода врз депонијата, но чадењето и понатаму продолжува, па ќе мора да се преземат дополнителни мерки. Жителите на населбите Аеродром, Ново Лисиче, Драчево, Кисела Вода и Центар со ...