На 1 јуни, со почеток во 12 часот, во игротеката „Дрим зона” во Дајмонд Мол ќе се одржи уникатен музички настан – концертот „Музика и цртан филм”, посветен на најмладата публика. Настанот претставува ретка можност деца од најрана возраст да ја доживеат магијата на класичната музика преку изведби на живо, комбинирани со адаптации од омилени цртани филмови. Концертот е во организација на Пламенка Трајковска – виолинистка, композитор и членка на ...
Во рамките на претставувањето на музичкиот проект „Балканско патување“, гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска, на 27 март, со почеток во 18.30 часот, ќе одржи концерт во галеријата на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија, Република Бугарија. На концертот ќе настапат: Пламенка Трајковска – виолина, Милена Гиевска-Андоновска – виолина, Љубица Бошкоска – виола и Александра Јаневска на виолончело. Аранжманите се на Пламенка Трајковска. ...
Концертот е во организација на Пламенка Трајковска – виолинистка, композитор и членка на Државната филхармонија, како и основачка на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“. Со богата професионална биографија и оригинални мултимедијални проекти, Трајковска е посветена на мисијата да ја приближи класичната музика до пошироката публика, особено до децата. Во пресрет на концертот, Трајковска ги сподели своите размисли за ...