Куќа крај патот – Софија Величковска Во сенката на нашите чекори, покрај правлив и суров пат, стои куќа стара, со светла болка што протекува низ оџакот, со ѕидови истрошени, а прозорци скршени, со булки разновидни, а луѓе исплашени, со души среќни, а снегулки стопени, стои куќа крај патот. Но во неа живее душа, која никогаш нема да умре, во неа огин гори, а животот расте, во неа јас се радувам, а тој плаче. Во неа јас тагувам, а тој се смее, ...

Автобус – Софија Величковска Излитени седишта поминати младости, чудни белези и стари рани недопрени, вода и кикиритки разлеани, бели книшки изгубени, жални погледи и девојки разочарани бликаат низ прозорецот, капки дождливи го успиваат милното лице на веќе збрчканите лица, мал свет составен од неколку луѓенца со своја приказна, своја тага, своја радост, своја болка и своја мечта. Расфрлани љубопитни погледи и деца што место не ги држи, баби што ...