Зборувајќи за историјата на Организацијата Mицкоски вечерва посочи дека таа ја црпела својата сила и моќ од македонскиот народ и се осврна на фазите во историјата на ВМРО – од основањето во 1893 до 1905 кога е подемот и единството на Организацијата и таа во своите редови ги обединила македонските револуционери, преку периодот на внатрешни поделби и непријателства по Првата светска војна и меѓусебни физички ликвидации, обвинувања, идеолошки ...

ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од партија. ВМРО е име што се памети. Име што носи тежина. Име што буди чувство. Име натопено со солзите на генерации борци, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележи на градскиот стадион под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд, создаден од историја, борба, болка и жртва, ...